Home » Грција веројатно дополнително ќе ги олабави рестрикциите за вакцинираните

Грција веројатно дополнително ќе ги олабави рестрикциите за вакцинираните

by Журнал.мк

Укинување на забраната за стоење во кафулињата и угостителските објекти и зголемување на бројот на гледачи на спортските натпревари се можните мерки што според грчките медиуми, се разгледуваат во Грција, мерки кои се однесуваат само на вакцинираните, јави дописничката на МИА од Атина.

Надлежната комисија на епидемиолози, во среда ќе го одржи редовниот состанок за да ја разгледа епидемиолошката слика во земјата и евентуално да препорача дополнително олабавување на мерките воведени за време на новогодишните и божиќните празници.

Според грчките медиуми, целта на Владата е во текот на следниот месец да бидат укинати речиси сите рестрикции што се однесуваат на вакцинираните, а министерот за здравство на Грција Танос Плеврис во интервјуто за весникот „Елефтерос Типос“, рече дека ќе има постепено враќање во нормала за вакцинираните граѓани.

Главната дискусија со другите министри за здравство на ЕУ е дека постепено треба да се вратиме во нормала во време кога мутацијата Омикрон е опасна, но го нема разболувањето на мутацијата Делта. Во комбинација со притисокот врз нашиот Национален здравствен систем, ќе одиме кон олабавување на мерките со цел брзо враќање во нормала за вакцинираните граѓани, објасни Плеврис.

Од почетокот на пандемијата во Грција се регистрирани вкупно 2.174.093 случаи на Ковид-19, починаа вкупно 24.754 лица, а вчера, по подолг период, бројот на пациенти приклучени на апарат се намали на под 500.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More