Home » Грција не попушта – Имаше доволно време за замена на пасошите, нема барање за продолжување на рокот

Грција не попушта – Имаше доволно време за замена на пасошите, нема барање за продолжување на рокот

by Журнал

Исклучително тешко е за Грција да прифати дека во период од пет години не беше можна замена на пасошите, брифираат грчки дипломатски извори во однос на издавањето нови патни исправи кај нас и додаваат дека Скопје не ја контактирало Атина за евентуално продолжување на рокот, јави дописничката на МИА од Атина.

Владините извори од Грција објаснуваат дека 12 февруари како краен датум за приспособување на документите, особено на патните исправи и регистарските таблици на автомобилите е временски рок одреден пред пет години, а официјална Атина очекува целосна имплементација.

На прашањето на дописничката на МИА од Атина дали постоела комуникација и барање од Северна Македонија до Грција за евентуално продолжување на рокот, грчките дипломатски извори одговараат негативно.

Во однос на трите меморандуми со Северна Македонија, истите извори објаснуваат дека тие се поврзани и со почитувањето на Договорот од Преспа и како тој се имплементира, а во Парламентот за ратификација ќе бидат донесени во соодветното време кое ќе го одлучи грчката Влада.

Истите извори потенцираат дека Атина инсистира на доследно и строго почитување на Договорот од Преспа.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk