Home » Грчкиот шеф на дипломатија писмено ги известил колегите министри за обврската на македонските граѓани да ги користи пасошите со новото уставно име

Грчкиот шеф на дипломатија писмено ги известил колегите министри за обврската на македонските граѓани да ги користи пасошите со новото уставно име

by Журнал

Грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис ги известил колегите министри и други меѓународни организации, за обврската за патните исправи на Македонија од 12 февруари. Во писменото известување Герапетритис соопштил дека на 12 февруари завршува петгодишниот преоден технички рок од Преспанскиот договор, за промена на патните исправи со новото име на нашата држава.

– Тоа значи дека сите официјални документи и материјали на Северна Македонија за меѓународна употреба треба да ја имаат само терминологијата од член 1(3) од договорот од Преспа“, вели шефот на грчката дипломатија Герапетритис во писмото.

Тој ги повикувал министерствата да ги информираат надлежните служби и организации. Oфицијално известувањето било пратено на 30 јануари.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More