Home » Грчки дипломат со искуство од Далечниот Исток ќе биде нов амбасадор на ЕУ во Скопје- Кој е Михалис Рокас, наследникот на Гир

Грчки дипломат со искуство од Далечниот Исток ќе биде нов амбасадор на ЕУ во Скопје- Кој е Михалис Рокас, наследникот на Гир

by Журнал.мк

Михалис Рокас ќе биде новиот амбасадор на Европската Унија во Македонија, објави Европската служба за надворешни работи. Тој до сега беше амбасадор на Унијата во Малезија.

Рокас, претходно служеше како вршител на работите на ЕУ и шеф на делегацијата во Нов Зеланд, а подоцна и како шеф на одделот за поддршка на делегациите на Европската служба за надворешни работи.

60-годишниот Михалис Рокас е грчки дипломат кој половина од животот го минал во европската дипломатија. Роден е во главниот грчки град Атина, економист по образование, а во европската дипломатска служба стапува во 1994-тата година.

Најголем дел од дипломатските функции ги вршел на Далечниот Исток, покрај Малезија и Нов Зеланд имал функции и во ХонгКонг, Макао и Кина како претставник на ЕУ. Покрај грчки, ги зборува и европските јазици, англискиот, францускиот и германскиот.

Рокас реба да го смени сегашниот амбасадор Дејвид Гир, кој дојде во Македонија во септември 2020-та година.

На списокот на нови дипломати на уУијата кои ги именува шефот на Европската дипломатија Жозеп Борел е и Аиво Орав, поранешен амбасадор на Унијата во Македонија и во Црна Гора, а сега ќе биде шеф на делегацијата на ЕУ на Косово.

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белгад и Приштина, Мирослав Лајчак е именуван за амбасадор на Унијата во Швајцарија. Кој ќе го наследи Лајчак ќе се знае по изборите за европскиот парламент кои треба да се одржат во јуни.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More