Home » Грав, грашок и соја е поздрава храна за вегетаријанците, отколку лабораториското месо и растителното млеко

Грав, грашок и соја е поздрава храна за вегетаријанците, отколку лабораториското месо и растителното млеко

by Журнал.мк

За споредба, преработената храна, како што се вегетански хамбургери, тофу и темпех и млеко од растително потекло, се поврзуваат со помали придобивки за климата и повисоки трошоци во споредба со непреработената храна… Иако, како што истакнаа научниците, и оваа храна, сепак, е подобра од оние од животинско потекло.

Луѓето кои сакаат да се откажат од месо и млечни производи, би било подобро да се префрлат на мешунки, наместо вегетаријански хамбургери и растително млеко, според ново научно истражување на Универзитетот Оксфорд и Универзитетскиот колеџ во Лондон. Наодите се објавени во списанието „ПНАС“ (Proceedings of the National Academy of Sciences).

Научниците зеле предвид бројни фактори при проучувањето на 24 алтернативни намирници коишто се најчеста замена за месо и млеко, вклучувајќи го и нивното влијание врз здравјето и животната средина, како и трошоците. Откриено е дека природната растителна храна како грашок, соја и грав се најдобри во секој поглед.

За споредба, преработената храна, како што се вегетански хамбургери, тофу и темпех и млеко од растително потекло, се поврзуваат со помали придобивки за климата и повисоки трошоци во споредба со непреработената храна… Иако, како што истакнаа научниците, и оваа храна, сепак, е подобра од оние од животинско потекло.

На дното на листата се најде месото одгледано во лабораторија. Британските научници истакнуваат дека, со технологијата што се користи денес, производството на месо одгледувано во лабораторија и отпадните материи од тие процеси може да бидат исто толку високи и штетни како и, на пр., преработката на говедско. На прашањето: што се добива, научниците одговараат дека само цената поголема, а новото вештачко месо е скоро исто толку штетно за здравјето.

Истражувачите велат и дека одлуката да се замени месото и млекото во земјите со високи приходи со различни алтернативи на месо или млеко со иста количина калории може да ја намали прераната смрт до 5 – 6 отсто.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk