Home » Гранатирана е воена база во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

by Журнал.мк

Две ракети ја погодија воздухопловната база Аин ал Асад во Ирак, каде што се стационирани американски војници и други меѓународни сили во оваа земја.

Како што јави Ројтерс, нападот е потврден од безбедносни извори и доаѓа во време на зголемена тензија во регионот откако се очекува нападот на Иран врз Израел.

Засега не се знае дали има жртви во нападот на американски војници во Ирак и колкава е материјалната штета. Неименуван извор рече дека проектилите паднале во базата.

Целиот регион на Блискиот Исток стравува од ескалација на конфликтот кој започна во октомври минатата година кога Хамас го нападна Израел и уби 1.200 цивили и војници, додека 250 луѓе беа киднапирани.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More