Home » Градот направи пустош во Валандовско, земјоделците бараат помош

Градот направи пустош во Валандовско, земјоделците бараат помош

by Журнал.мк

Попладнево големо невреме го зафати Валандовско. Земјоделците од село Пирава јавуваат за огромни штети на насадите со градинарски култури, бостан како и оштетени лозја.

„Жално, вложен труд, средства и за пет минути го нема . Знам како е имаме и ние страдано вака , само здравје нека е во фамилија“ – коментираат земјоделците на фотографиите кои се споделени на социјалните мрежи.

Во објавите на Фејсбук земјоделците со жалење потсетуваат какви биле насадите пред невремето со град со што ја покажуваат целата немоќ пред временските неприлики и климатските промени кои секоја година се се’ поизразени. Тие очекуваат помош од државата.

И последните случувања со огромните штети кои ги трпат земјоделските производители од врнежите од град, повторно го отвара прашањето за земјоделското осигурување и потребата од носење на Законот за задолжително земјоделско осигурување кој е во владина процедура.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More