Home » Градоначалникот на Задар не дозволува концерт на Александра Пријовиќ во градот: „Нема слободни термини“

Градоначалникот на Задар не дозволува концерт на Александра Пријовиќ во градот: „Нема слободни термини“

by Журнал

Градоначалникот на Задар, Бранко Дукиќ, наводно не дозволил концертот на Александра Пријовиќ да се одржи во Задар, јавуваат хрватските медиуми.

Според локалните медиуми, концертот требало да се одржи во мај во салата „Крешимир Ќосиќ“, но Дукиќ наводно експресно одбил да ја пушти Александра да пее во градот, па концертот не бил ниту закажан ниту најавен, пишува „Индекс.хр“.

Како што понатаму наведува гореспоменатиот портал, Дукиќ ги одбил организаторите на концертот и го оправдал со тврдењето дека во салата „Крешимир Ќосиќ“- „нема слободни термини“.

Градоначалникот на Задар не одговори на прашањата на локалниот портал, ниту пак одговори управата на салата, а немаше никаков коментар од организаторите на концертот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk