Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, денеска ќе ја чуе пресудата по предметот во кој е обвинет за „несовесно работење во службата“ и нерегуларности при назначување вршители на должноста директори на основни училишта во струшките села Лабуништа, Радолишта и Подгорци.
Од Обвинителството тврдат дека Мерко, во својство на градоначалник во повеќе наврати постапил спротивно законските прописи и овластувања.
Одбраната на градоначалникот на Струга пак смета дека Обвинителството во текот на целиот процес не успеало да докаже вина.