Home » Градоначалникот на Пласница: Немаме никаква поддршка за пожар што гори три дена, кој може да дојде да ни помогне

Градоначалникот на Пласница: Немаме никаква поддршка за пожар што гори три дена, кој може да дојде да ни помогне

by Журнал.мк

Градоначалникот на Пласница Алија Јаоски, се јави на социјалните мрежи и побара помош со пожар кој е над селото. Тој вели дека било пријавено и во полиција и во пожарна, од каде добил одговор дека имало други места за гасење. Затоа повика кој може да дојде за да се спречи пожарот да се прошири кон куќите.

„Да ве замолам, во долниот дел на Пласница има пожар, има доста ветер може да го прошири. Кој е слободен, да дојде да можеме да го санираме. Контактирана е полицијата, и пожарната, нема никаква поддршка, ни рекоа дека има поопасни места. Кој има од поголеми трактори да дојде да можеме да ги ископаме нивите да го прекинеме пожарот“, вели Јаоски.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More