Home » Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев пријавил закани од сограѓанин

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев пријавил закани од сограѓанин

by Журнал.мк

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев пријавил закани од страна на сограѓанин, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Вчера во 14:05 часот во ОВР – Кавадарци, М.Ј., на возраст од 43 години – градоначалник на Општина Кавадарци, пријавил дека Н.Ј. на социјална мрежа и на телефон му упатувал закани. Се работи на расчистување на случајот, појаснија од СВР – Велес.

Оттаму соопштија дека денеска во 4:30 часот во Неготино, полициски службеници ги лишиле од слобода С.А. (45) и С.Д. (35), двајцата од Радовиш. Тие се сомничат дека околу 3:30 часот се обиделе да извршат „тешка кражба“ во куќа во Неготино, а откако биле забележани од сопственикот со патничко возило „бмв“ со радовишки ознаки, го напуштиле местото. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во 15 часот во СВР – Велес било пријавено дека во село Возарци, кавадаречко, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу З.М.(53) и М.М.(49) од селото, од една страна и Т.С (21) и 16 – годишно девојче, од друга страна. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk