Во Министерството за социјална политика, демографија и млади одржавме работен состанок со претставници од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Асоцијацијата на советници за развој на кариера и експерти од Европската тренинг фондација.
Во фокусот беше воведувањето стандарди и квалификации за професијата кариерен советник, како и развојот на Рамката за вештини за управување со кариерата на младите. Нашата визија е јасна, да создадеме силен, модерен и достапен систем кој ќе им овозможи на младите да носат информирани одлуки и да ја градат својата иднина врз стабилни основи.
Еразмус+ претставува столб на можностите за младите, овозможувајќи им пристап до квалитетно образование, мобилност и размена на искуства со европските партнери. Изразувам голема благодарност до Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и програмата Еразмус+ за нивната континуирана поддршка во унапредувањето на младинските политики и системите за образование и кариера.
Со стратегиски пристап и посветена соработка со сите засегнати страни, продолжуваме да градиме решенија кои ќе ја зголемат конкурентноста на младите на пазарот на трудот, ќе им обезбедат сигурни перспективи и ќе создадат нови можности за професионален развој.