Home » Градежните работи се стопирани, 20 дена блокада на автопатот Скопје-Куманово

Градежните работи се стопирани, 20 дена блокада на автопатот Скопје-Куманово

by Журнал.мк

На 2 септември, на ова место, на автопатот Скопје-Куманово, се случи трагична несреќа во која животот го загубија татко и неговиот малолетен син, и по оваа несреќа на автопатот Скопје-Куманово, работите беа привремено прекинати. Како што можете да видите, работите продолжуваат да бидат во прекин, а граѓаните кои го користат овој пат велат дека честопати има долги колони и возила кои чекаат.

На местото на прекинатите работи беше само чуварот кој ги обезбедува машините за работа кои стојат на автопатот, вклучувајќи го и камионот кој учествувал во несреќата на 2 септември.

„Ги чувам машините. Но, не се работи, нели? Не, веќе три недели не се работи. Од 2ри кога се случи несреќата, не се работи?

По наредба на јавен обвинител, инспектор од Државниот инспекторат за транспорт изврши вонреден увид во градежните работи на компанијата, а по извршениот увид на работите на автопатот Скопје-Куманово, донесено е решение веднаш да се запре работата. Во меѓувреме, компанијата требаше да постави привремени сообраќајни знаци, кои ќе овозможат безбеден сообраќај.

Според последното соопштение на обвинителството, веднаш по несреќата е поведена постапка против две лица под сомнение за сторено тешко кривично дело против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

Во одговорот до каде е постапката и дали овој настан е целосно решен, велат дека во тек се проверки за целосно утврдување на кривичната одговорност за настанот, и дека продолжуваат да прибираат вербални и материјални докази за случајот.

„По поднесувањето на кривичната пријава, Јавниот обвинител постапува и прибира вербални и материјални докази“, велат од ОЈО Скопје.

Забраната за работа според обвинителството е издадена од страна на Државниот инспекторат за транспорт со соодветни упатства за изведувачот. Но, кога работите ќе продолжат и ќе се отстрани хаосот што го создаваат долгите колони на овој дел од автопатот Скопје-Куманово, ќе треба да почекаме одговор од Државниот инспекторат за транспорт. Овој патен правец, кој во последните години беше уништен од тешки возила, почна да се поправа од почетокот на 2024 година.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk