Општина Ѓорче Петров најави градежна активност. Во моментов се изведуваат работи на асфалтирање на кракците на улица 51 во Стопански Двор, како и краците на улица 31 и улица 49 во Волково, информираат од општина Ѓорче Петров.
Со овие активности, кои опфаќаат вкупна површина од 2300 м², директно се подобруваат пристапните патишта до домовите на нашите сограѓани.
Градоначалникот Александар Стојкоски изрази гордост што локалната самоуправа успешно ги реализира ветувањата, истакнувајќи дека секој завршен проект е доказ за посветеноста и чесноста во работата. „Работиме со цел да го направиме Ѓорче Петров место со подобри услови за живот и модерни патишта. Ѓорче Петров без кал е веќе реалност,“ изјави Стојкоски.