Home » Град Скопје: Алeксандар Трајановски е разрешен пред 3 месеци

Град Скопје: Алeксандар Трајановски е разрешен пред 3 месеци

by Журнал.мк

Демант на изјава на Алeксандар Трајановски, кој не може да даде денес оставка од местото од кое е разрешен пред 3 месеци.

Лицето Александар Трајановски не ја извршува функцијата заменик градоначалник на град Скопје повеќе од три месеци. Имено, истиот е разрешен од функцијата на 19.12.2024 година.

Оттука, нејасно е од која функција си дава оставка ова лице. Трајановски е разрешен од функцијата поради нарушување на угледот на град Скопје, неизвршување на своите задачи и неисполнување на својата функција како заменик градоначалник. Поточно, ова лице нема вкупно 3 активни минути на својата функција.

Единственото барање на ова лице за кое е свесна градската администрација е неговата желба да добие канцеларија, службено возило и службен телефон. Друга комуникација, уште помалку во смисла на активен придонес кон работата на градот ова лице немало во последните две години.

По однос на обвинувањата на Трајановски за некакво „влијание од ДУИ“, сакаме целосно да ги демантираме како лажни вести и несериозни обвинувања. Кадрови решенија градот Скопје немаше две години, ниту постоеше можност за вработувања поради неизгласани планови за вработување, а доколку истото некогаш би се реализирало би било врз основа на распишан оглас за вработување, со единствен критериум е исполнување на квалификациите и избор на најдобрите кандидати според закон. Доколку на Трајановски ништо не му сметало во градот Скопје повеќе од 3 години па се до неговото разрешување во декември 2024 година, прашање е зошто би му сметало сега.

Тажно е да се гледа како млади луѓе се ставаат во функција на полтрони на владејачкото мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН/Вреди стои во демантот испратен од Град Скопје.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk