Пополека привршува реализацијата на сите зацртани проекти, сите планирани мерки и активности од програмата за работа на градоначалникот на Општина Карбинци Виктор Паунов во изминатиот три и пол годишен мандат. Предизвикот со кој што беше соочен Градоначалникот Паунов на почетокот на својот мандат во 2021 година пополека прерасна во успешна приказна на многу посветеност и труд кои преку тимска соработка, се преточија во конкретни дела за подобрување на живеачката на жителите на сите населени места во општина Карбинци.
Иако рурална општина, оваа локална самоуправа во срцето на Брегалничкиот регион ќе остане запаметена по мноштвото реализирани проекти кои беа ветени спроведени под водство на градоначалникот Паунов.
Во негов фокус изминатите 3,5 години беше развојот на инфраструктурата, преку проекти пред се кои се однесуваат на улици и патишта, патеки за рекреација, подобро осветлување, нови урбани површини, детски забавни паркови со тартан подлога, повеќенаменски спортски терени, подобрено водоснабдување, расчистени вкупно шест депонии кои со децении ги загадуваа населените места, локален меѓуопштински превоз со градот Штип, нови училишта, проширена детска градинка, но и голем број останати активности и проекти во сферата на развој ан спортот и културниот идентитет на локалното население.
Ваквата посветеност, труд и залагање сериозно се преточуваат и во бројки на силна поддршка на жителите на сите населени места во општина Карбинци за работата на актуелниот градоначалник Паунов
После направената анкета и јавното мислење за локалните избори во општина Карбинци ситуацијата е речиси 100% јасна помеѓу потенцијалните опции за градоначалник и советници во пресрет на Локалните избори кои ќе се одржат во втората половина на тековната година.
ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот Виктор Паунов ја имаат огромната поддршка со речиси 4,5 пати поголем рејтинг од потенцијалните кандидати на сдсм. Јавното мислење за градоначалникот Паунов е над 82% позитивно според анкетата на ИПИС направена во месец Април 2025. Додека советот би одвоил рекордно највисок број советници на страната на ВМРО-ДПМНЕ каде во сооднос со сдсм имаат поддршка од 4/1 според истата анкета.