Home » Граѓаните ги чекаа ваучерите со месеци и сега може да се подигнат само утре и тоа лично

Граѓаните ги чекаа ваучерите со месеци и сега може да се подигнат само утре и тоа лично

by Журнал.мк

Иако граѓаните ги чекаат ваучерите од февруари, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека утре е единствениот ден кога граѓаните кои добиле потврда-ваучер за набавка и вградување на високоефикасни инвертер клима уреди, како и правните субјекти кои вршат трговија на вакви уреди, ќе можат да ги подигнат своите ваучери.

Според информациите кои редакцијата на Рацин.мк ја доби од контакт телефоните оставени на страната на министерството, ваучерот може да го подигне само лицето кое аплицирало на конкурсот иако во семејствата има и други членови кои живеат на истата адреса, а инсталирањето на клима уредите е секако точно врзано со локацијата каде ќе се инсталира. Засега не се признава ниту полномошно, а и граѓаните немаат и многу време за да обезбедат таков документ во толку краток рок. Дел од апликантите не се наоѓаат ниту во државата, се на пат или пак се со здравстевни проблеми, па нема да успеат да ги подигнат ваучерите.

Ваучерите ќе се доделуваат утре, од 9 до 15 часот, во Центрите за вработување низ целата држава, со исклучок на Битола, каде што спортската сала „Боро Чурлевски“ ќе биде отворена до 17 часот за жителите на Битола, Новаци и Могила, и Скопје, каде што во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ доделувањето ќе се врши од 9 до 17 часот за сите скопски општини.

Министерството за економија објави јавен повик на 1 февруари 2024 година, а изборот на корисниците го спроведе и финализираше преку евалуациски комисии, доделувајќи ваучери на домаќинствата кои ги исполнуваат критериумите. Министерството за енергетика ја презеде организацијата и спроведувањето на доделувањето на ваучерите, осигурувајќи ги навремено пред зимската сезона.

Ваучерите се обезбедени преку Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2024 година и Програмата за поттикнување на енергетската ефикасност во домаќинства за 2024 година. За оваа иницијатива се одвоени 4,1 милион евра, што овозможува доделување на околу 6.000 ваучери. На повикот објавен во февруари се пријавиле 18.805 барања, од кои 14.500 се од категоријата неранливи потрошувачи, а 4.305 од ранливи потрошувачи.

Согласно објавениот Јавен оглас за финансиска поддршка преку доделување потврда-ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима-уреди за ранливи потрошувачи за 2024 година, предвидени се ваучери од 27.000 денари за лица со ниски примања (приходи до 21.000 денари за самец, 30.000 денари за домаќинство со два члена, и 35.000 денари за домаќинство со три члена). За домаќинства со четири члена, предвиден е ваучер од 30.000 денари, а за домаќинства со пет или повеќе члена – 45.000 денари. Дополнително, за неранливи потрошувачи од Пелагонискиот и Југозападниот Регион предвидени се ваучери од 25.000 денари, а за останатите региони по 23.000 денари.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk