Home » Граѓаните ќе почекаат за поевтинување на артиклите, ама до кога?!

Граѓаните ќе почекаат за поевтинување на артиклите, ама до кога?!

by Журнал.мк

Се уште не се знае дали најавените 100 основни прехранбени производи ќе бидат со замрзнати, цени или пак ќе им се ограничува маржата. И додека работната група во министерството за економија пресметува дали подобар резултат ќе има замрзнувањето на цените или пак на маржите на 5, 10 или 15 проценти, граѓаните продолжуваат да алармираат дека цените на прехранбените производи и на овошјето и зеленчукот растат од ден во ден.

Деталите за тоа колкаво ќе биде намалувањето на цените на основните прехрамбени и замјоделски производи ќе се знаат веќе во понеделник.

Иако најавено за денес, сепак ќе треба да се почека до понеделник, кога од економија официјално ќе соопштат со која мерка ќе се оди и кои производи ќе се најдат во т.н. „есенска кошница“, за која министерот Бесар Дурмиши кажа дека ќе содржи над 100 продукти. Предлогот на економија ќе биде доставен до Владата и разгледан на седницата која ќе се одржи во вторник.

Со есенската потрошувачка кошница треба да поевтинат над 100 производи, како пекарски и млечни производи, некои видови месо, овошје и зеленчук.

„Денеска работната група од Министерството за економија, земјоделие и Министерството за финансии уште работат, таа работна група е во тек со оваа програма, на крајот на денот, или поконкретно во понеделник ќе имаме јасен одговор и документот или предлогот ќе биде доставен во вторник на Влада и таму ќе се усвои оваа одлука и ќе бидат известени и медиумите и граѓаните“, изјави Бесар Дурмиши .
Предвидено е во есенската потрошувачка кошница покрај овошјето и зеленчукот да се најдат и пекарските и млечни производи, месо, млеко, шеќер, брашно, ориз, грав и печурки.

Граѓаните негодуваат за посакувањата и бараат контрола на трговците и маржите.

Според најавите мерката за поевтини производи ќе биде на сила најмалку еден месец и дополнително ќе се одлучува за нејзино продолжување. Дурмиши најави и дека планира воведување на божиќна, велигденска и рамазанска кошница, во која бидат со намалени цени производите кои граѓаните во празничните денови најмногу ги купуваат.

Стабилизарње на цените експертите очекуваат и со почетокот на примената на Законот за нефер трговски практики кој ќе биде на сила на крајот од овој месец. Со овој закон се предвидува рабатот и дополнителните трошоци од листата на 2.548 тарифни броеви на земјоделски и прехранбени производи во трговија на мало и на големо да се ограничат на 10 проценти.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk