Home » Граѓани со поддршка пред домот на Таравари: Промената започна!

Граѓани со поддршка пред домот на Таравари: Промената започна!

by Журнал

Вечерва пред домот на претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари се собраа граѓани во знак на поддршка, откако тој реши дека на избори ќе одат заедно со албанската опозиција, но и откако вчера Зијадин Села за таа одлука му побара одговорност.

Исто така поддршката на Таравари доаѓа и по заканувачката порака со куршум во неговиот двор.

Таравари се обрати пред граѓаните и порача дека граѓаните стојат позади него за да се донесе промената на осми мај. Тој додаде и дека нема сила која ќе му застане на патот и дека не може ништо да го исплаши во исполнувањето на оваа цел.

-Знаев дека гласот на народот е за соработка со опозицијата, зборувајќи со шефовите на ограноците, говорејќи на состанокот на претседателството пред еден месец, но сега кога ја гледам поддршката од населението, сигурен сум дека ова мора да продолжиме. Начин и штом ќе им ја донесеме промената на Албанците. Знам дека сега ќе има начини да ме опишат како личност, но среќен сум што ги имам луѓето со мене. Најмногу што им треба на Албанците сега е да им донесат промени и верувам дека на 8 мај заедно ќе славиме, кажа вечерва Таравари.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More