Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан го договорил првото засилување во зимскиот преоден рок.
Станува збор за младиот дефанзивец на Стразбур, Мохамед Симакан, кој до крајот на неделата треба да пристигне во Милано на лекарски прегледи.
20-годишниот Французин го привлече вниманието на многу европски гиганти, но Милан успеа да ја победи конкуренцијата.
Милан за потписот на дефанзивецот ќе плати 14 милиони евра плус 3 милиони како задолжителни бонуси.