Кризата дрма, а среде неа – гостување на „Енфилд“. Тешко дека може полошо за Реал Мадрид. Шампионот на Европа во дербито на петтото коло на Лигата на шампионите го очекува пат во Ливерпул, каде што ќе се обиде да ја поправи ситуацијата во елитното европско натпреварување.
Минатата сезона ја освои Лигата на шампионите без пораз, а сега веќе ги има два. Кралскиот клуб се најде во незгодна позиција, бидејќи во Европа врза два неуспеси. Прво на стартот на октомври во Франција го изненади Лил, а месед дена подоцна загуби во Мадрид од Милан и на половина од патот во лигашкиот дел е во ситуација да се плаши за директен пласман во осминафинале.
Сите квоти во MOZZART за натпреварот меѓу Ливерпул и Реал Мадрид
Ливерпул од друга страна е стопроцентен. Четири меча – четири победи, дел рутински, убедливи. Покрај тоа и прво место во Премиер лигата. Црвените во застрашувачка форма го дочекуваат Реал, наострени да му наплатат барем дел од долгот од минатите години, да му се одмаздат за малтретирањето во текот на претходната деценија. Двата тима во последните десет години се сретнаа осум пати, а Ливерпул само еднаш успеа да избегне пораз. Претрпе седум неуспеси од кои два директно во борбата за трофеј, во финалето. Исто така пред година ипол на Енфилд во осминафиналето прими пег гола од Реал.
Тешко дека и сега ќе биде приближно исто, бидејќи освен што резултатите не му се најдобри, ниту кадровската ситуација во Реал не е идеална. На мегдан со лидерот во Премиер лигата „кралскиот“ клуб доаѓа без Милитао, Карвахал, Родриго, Алаба, а под знак прашалник е и Чуамени…