Home » Гостиварец силувал 13-годишно девојче кое го запознал на социјалните мрежи

Гостиварец силувал 13-годишно девојче кое го запознал на социјалните мрежи

by Журнал.мк

За кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик е осомничен 22-годишник од Гостивар.

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе истрага поради основано сомнение дека осомничениот на 2 јануари принудил на сексуален однос 13-годишно девојче.

Со жртвата се запознале преку апликацијата „Снеп-чет“ и започнале да контактираат и да се гледаат. Кога девојчето не сакало повеќе да излегува со него, осомничениот вршел притисок и на критичниот ден ја принудил да ги остави другарите и да влезе во неговиот автомобил. Потоа и го одзел мобилниот телефон, ја натерал на однос против нејзина волја, заканувајќи и се да не кажува никому.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи би можел да се даде во бегство, да влијае врз детето-жртва и други сведоци или да го повтори делото.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk