Home » Гостивар со осум советнички места помалку поради резултатите од пописот, Крива Паланка со минус четири

Гостивар со осум советнички места помалку поради резултатите од пописот, Крива Паланка со минус четири

by Журнал.мк

Најголем пад во советничките мандати за следните локални избори ќже претрпи општина Гостивар, каде во следните години ќе има дури осум советници помалку. Според резултатите од пописот од 2002 година оваа општина имала 81.000 жители, што според Законот треба да има 31 советничко место, но по резултатите од 2021 година, Гостивар има резидентно население од 59.770 жители, што значи дека бројот на членови ќе изнесува 23.

Според Законот за локалната самоуправа, бројот на советнички места се одредува според бројот на жители и тој не смее да биде помал од девет (во општините до 5.000 жители) и не смее да биде поголем од 33 советници. Исклучок од ова е Град Скопје како посебна единица на локалната самоуправа која е регулирана со посебан закон.

Во 10 општини ќе се намали и бројот на советнички места, а од оние поголемите – помалку советнички места ќе има и во Куманово (минус две) и Крива Паланка (минус четири).

Понатаму, четири советници помалку ќе имаат Советите во општините Јегуновце, Теарце, Ново Село, Желино, а два помалку советници ќе имаат Советите во Дебрца, Пехчево и Центар Жупа.

Бројот на советници ќепорасне само во скопската општина Карпош каде од сегашните 23 бројот на советници ќе се зголеми на 27, како и во во општината Студеничани, каде ќе има зголемување од 15 на 19.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk