Објавени се насловот, датумот на објавување и првиот тизер за новата ера на „Господарот на прстените“. Долгоочекуваната нова серија наречена „Господарот на прстените: Прстените на моќта“ пристигнува на есен.
Серијата важи за најскапото ТВ шоу на сите времиња, а неодамна заврши снимањето. Дејствието ќе биде сместено во Второто доба на Средната Земја, пред настаните во оригиналните романи и филмови.
„Прстените на моќта ги обединуваат сите главни приказни од Второто доба на Средната Земја: ковањето на прстените, подемот на мрачниот господар Саурон, епската приказна за Нуменор и приказната на елфовите и луѓето“, велат Џеј Ди Пејн и креаторите на шоуто.
„Досега, публиката ја виде само приказната за еден прстен, но пред да постои, имало многу прстени и ние сме возбудени што ја споделуваме епската приказна за нив“, додаваат тие.
„Амазон“ ги купи правата за адаптација на светот Толкин за телевизија уште во 2017 година со договор вреден вртоглави 250 милиони долари.
„Едвај чекам“, „Со оглед на тоа колку се добри филмовите, ќе биде тешко да се победи“, „Се надевам дека нема да не разочара“, се само некои од коментарите на обожавателите.