Home » Гори врвот на Жеден, има големи шанси пожарот да изгасне сам

Гори врвот на Жеден, има големи шанси пожарот да изгасне сам

by Журнал

На врвот на планината Жеден доцна попладнево избувнал пожар, јавува Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Оттаму велат дека поради непристапниот терен, скопската Противпожарна единица не можела да интервенира.

„Пожарот е околу врвот на планината Жеден, гори претежно трева и евентуално грмушки. Поради непристапниот терен скопската БППЗ не можеше да интервенира. Поради ниските температури има големи шанси пожарот да изгасне во текот на ноќта“,соопштија од ЦУК.

Од таму велат дека доколку утре наутро сѐ уште има пожар на овој дел од Жеден, ќе ангажираат воздухоплови за гасење на огнот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More