Голем пожар попладнево ја зафати дивата депонија во близина на местото викано „Стара централа“, во непосредна близина на кичевското село Србјани.
Четворица пожарникари со возила на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Кичево се на терен и со часови се борат со огнената стихија. Пожарот, според информациите, бил пријавен околу 18 часот, по што противпожарната служба веднаш интервенирала.
Засега нема информации за повредени лица, но густ чад и високи пламени јазици претставуваат опасност и за околните населени места. Локалните власти апелираат граѓаните да избегнуваат движење во овој дел поради загадениот воздух и ризик од ширење на огнот.
Причините за избувнувањето на пожарот се уште не се познати.