17.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Гордо ја покажуваат својата љубов: Ирена Спировска и саканиот во блескаво модно издание ги собраа сите комплименти

Најчитани вести

Македонската водителка Ирена Спировска важи за една од најзгодните водителки на македонската јавна сцена од нејзината генерација. Позната е по својата елеганција, а секое нејзино модно издание е внимателно избрано во согласност со пригодата.

На сцената секогаш е дама во комплетна смисла на зборот, а кога ќе се исклучат камерите, таа е сосема обична и нормална личност која сака да води здрав живот прку спорт и да ужива во кежуал парчиња и комфор.

Но, она во што ужива и е љубовта со партнерот. Имено, Спировска извесен период е во врска со Душко Исајловски, а откако потврди дека некој го освои нејзиното срце, Ирена редовно ги полни социјалните мрежи со фотографии од нивните заеднички моменти.

Првпат медиумите ги забележаа како двојка на моден настан, а оттогаш гордо ја покажуваат својата љубов и пред јавноста.

Каде и да се појават, Ирена и Душко блескаат со својата енергија, но и модните изданија. Овој пат, на еден настан се појавија елегантни, насмеани и заљубени позирајќи еден до друг. Таа во црна тоалета со светкав топ, а тој во темно сив костум комбиниран со бела кошула и кафени детали.

Нема сомнеж дека непосредно на случувањето ги собрале погледите, но вниманието го привлекоа и на Инстаграм каде собраа многу комплименти и стотици лајкови.

Инаку, Ирена моментално работи на снимањата на нова музичка емисија која ќе се емитува на ТВ Алфа, а како водител-партнер ќе и биде Зоран Џорлев.

Извор: vistina.com.mk

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com