Home » Горан Петрески – Чунга е нов предводник на ФК Вардар

Горан Петрески – Чунга е нов предводник на ФК Вардар

by Журнал.мк

Фудбалскиот клуб Вардар веднаш најде замена за тренерот Горазд Михајлов кој денеска си поднесе оставка од приватни причини, по вчерашната победа над тимот на Пелистер. Горан Петрески – Чунга (52) ќе е нов кормилар на „црвено-црните“.

„Тој ќе ги предводи `црвено-црните` во новите предизвици и веруваме дека своето знаење, богатото фудбалско искуство како и високиот степен на професионализам, ќе успее на најдобар можен начин да ги пренесе на екипата.

Во името на клубот му посакуваме многу среќа и успех во работата и се надеваме дека заедно ќе се радуваме на победите на големиот Вардар“ – се вели во соопштението на ФК Вардар.

Популарниот Чунга своето деби на тренерската клупа на Вардар ќе го има против екипата на Шкупи во Чаир во рамките на 3. коло претстојниот викенд.

Инаку, Петрески во својата тренерска кариера во минатото ја предводеше репрезентацијата на Македонија до 17 години, а беше дел и од тимот на Работнички.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More