Home » Google по грешка ја прикажа новата ВИ функција на која работат која може да извршува задачи за корисниците

Google по грешка ја прикажа новата ВИ функција на која работат која може да извршува задачи за корисниците

by Журнал.мк

Неофицијално можеше да се прочита за нова функција со вештачка интелигенција на која работат од Google и која е интересно наречена Jarvis, не знам дали е намерно избрано името кое го видовме во Iron Man филмовите.

За Jarvis обично се кажува дека може да го преземе компјутерот на корисникот, но мислам дека тоа е до некаде погрешен начин да се опише со цел да звучи интересно.

Тоа што Jarvis треба да може да го направи е да извршува задачи за корисникот за кои е потребно отворање на повеќе веб страни, односно извршување на повеќе активности.

Конкретно се мисли на можноста да се побара од Jarvis да купи намирници, на пример или да резервира лет и слично.

Ова секако е доста покорисно од сегашната можност на дигиталните асистенти да кажат каква е временската прогноза или што е следно на календарот.

Според досегашните информации, Jarvis AI треба да биде претставен во декември, односно идниот месец, па ќе видиме дали тоа навистина ќе биде така и какви ќе бидат можностите.

Едно може да се каже со сигурност, ова е правецот во кој ќе се развива вештачката интелигенција, па ако не идниот месец, нешто вакво сигурно ќе видиме наскоро.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk