Прототипот на паметните очила на Google се поврзува со мобилен телефон и има мали екрани што прикажуваат информации преку проѕирното стакло.
Google на неодамна одржаниот TED во Ванкувер го претстави прототипот на своите паметни очила кои користат нов систем наречен Android XR. Станува збор за уред кој комбинира проширена реалност (AR) и вештачка интелигенција (AI), со цел да се создаде лесен гаџет кој може да се носи секојдневно, исто како и мобилниот телефон.
Очилачите на сцената ги носеше Шахрам Изади, раководител на одделот за Android XR, кој исто така ги покажа и нивните можности. Познато е дека очилата имаат мали екрани што прикажуваат информации преку проѕирното стакло, и дека во комбинација со мобилен телефон и Gemini можат во живо да преведуваат странски јазици, да скенираат текстови од книги и да овозможат други корисни функции.
„Овие очила работат во соработка со вашиот мобилен, пренесувајќи податоци во двете насоки, што им овозможува да бидат многу лесни и да имаат пристап до сите ваши апликации“, рече Изади за време на презентацијата на TED.
Освен развојот на сопствени паметни очила, Google соработува и со Samsung на очила кои најверојатно ќе се викаат Galaxy XR. За разлика од Google-овите очила, Galaxy XR ќе користи камери за прикажување на реалниот свет преку видео, со можност за прикажување на сложена графика, а ќе има и виртуелни монитори.
Се очекува Galaxy XR да излезе кон крајот на оваа година, а според првите неофицијални информации, цената би можела да изнесува околу 2.500 долари.