На годинашната конференција Google I/O, компанијата го претстави Gemini 2.5 Pro, следната генерација на својот голем јазичен модел, кој според компанијата, е „најпаметниот модел со вештачка интелигенција досега“.
Оваа верзија носи бројни технички иновации и перформанси што ја издвојуваат од конкуренцијата. Gemini 2.5 Pro нуди подобра анализа на податоци, програмирање и решавање на посложени задачи, со можност за задржување на контекст до 1 милион токени, што е огромен скок во обработката на информации во споредба со претходните верзии.
Една од најзначајните карактеристики на новата верзија е подобрената способност за расудување, додека опцијата „Thinking Out Loud“ им овозможува на корисниците да видат како моделот „размислува гласно“, нудејќи поголема транспарентност во начинот на кој донесува одлуки.
Gemini 2.5 Pro постави нови индустриски стандарди, заземајќи го првото место на листата на LMArena, платформа која ги рангира моделите со вештачка интелигенција според преференциите на корисниците.
За разлика од својот претходник, Gemini 2.5 Pro е мултимодален, способен за обработка на текст, звук, слики, видео, бази на податоци, што го прави идеална алатка за професионалци од различни индустрии, од програмирање до анализа на големи податоци.
Моделот е веќе достапен во тест режим за претплатници и развивачи преку Gemini апликацијата и API, а поширока комерцијална употреба се очекува во наредните месеци.