12.8 C
Skopje
Monday, June 14, 2021

Google Earth: Земјата се менува поради нас

Најчитани вести

Google Earth одлучи да ни покаже како се менува нашата планета – се топат глечерите, се повлекуваат бреговите, куќите никнуваат и во пустини.

Timelapse видеа настанаа со помош на 24 милиони снимки направени од сателитите во претходните четири децении. Набљудувачот добива свежа перспектива, посебно кога ги набљудува глечерите кои исчезнуваат. Со помош на фотографиите креирани помеѓу 1984 и 2020 година, оној што сака може и да разбере колкава штета правиме. Снимките се анализирани со помош на програмата Copernicus, што значително го забрза процесот, бидејќи на обичен компјутер за истата работа би му биле потребни дури 228 години.

Заинтересираните можат да ги видат сите снимки на g.co/Timelapse, а можат да ги слушнат и еколошките приказни од различните делови на светот. Google Earth се фокусира на исчезнувањето на шумите, проширувањето на населбите, зголемувањето на температурите, но и на кревката убавина на планетата на која моментно живееме.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести