16.8 C
Skopje
Monday, June 21, 2021

Google Chrome ќе биде уште побрз

Најчитани вести

Google работи на нов апдејт за Google Chrome на Windows 10 оперативниот систем.

До крајот на мај излегува апдејт верзијата 91 Google Chrome, но сите ја чекаат верзијата 92, која ќе излезе 20. јули.

Компанијата најави дека Google Chrome ќе биде побрз отколку што е сега.

Фокусот е на враќање на претходната страница на пребарувачот – повеќе нема да се чека ни секунда, туку по новиот апдејт Chrome автоматски ќе го враќаат корисникот на претходната страница без вчитување.

На Android смартфоните, Google Chrome веќе функционира на овој начин, а сега исто така ќе работи и на десктоп уредите.

„Сакаме да експериментираме и да видиме како да бидеме и побрзи и подобри“, се наведува во соопштението на Google.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести