Google ќе прекине со продажба на Pixel 3 од вторник!

0

Со претставувањето на новата Pixel 4 серија, Google ќе се збогува со постарите модели.

Pixel 2 беше следбеник на оригиналниот Pixel во октомври 2017-та година, но продажбата на постариот модел продолжи уште шест месеци како поевтина опција за корисниците. Слична беше стратегијата и со Pixel 3 уредите. Но, овој пат работите ќе се променат. 

Овој пат, со претставувањето на Pixel 4 линијата, Google веднаш ќе ја прекине продажбата на постарите модели. Иако досега нема направено таков потег, ваквата одлука е сосема логична. Во мај, компанијата ги претстави 3а уредите кои ги вклучуваат сите важни карактеристики на првичните Pixel 3 модели.

Почнувајќи од оваа недела, Google ќе има две јасни опции за купувачите – буџетските Pixel 3a и новопретставените Pixel 4 модели. 

Google will probably discontinue the Pixel 3 on Tuesday