17.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Google треба да плати казна од 177 милиони долари во Јужна Кореја

Најчитани вести

Google е казнет со 177 милиони долари во Јужна Кореја поради користење на својата доминантна позиција на пазарот за да го спречи развојот на ривалот Android.

Договорот кој е потпишан со Google ги спречува производителите на телефони, вклучувајќи ги и корејските компании Samsung и LG, да креираат и инсталираат свои верзии на Android ОС на своите уреди. Освен што е Google казнет парично, комисијата исто така и забранила на компанијата да ги обврзува производителите во иднина да потпишуваат договори кои и штетат на конкуренцијата и да ги менуваат постоечките.

Технолошкиот гигант тврди дека Android и неговата програма на компатибилност ја забрзале иновацијата и го зголемиле корисничкото искуство, што им користело на компаниите вклучувајќи ги и корејските производители. Поради тоа, Google има намера да се жали на одлуката на корејското регулаторно тело. Одлуката која е донесена се додава како измена во Законот за телекомуникација која ќе бара од Google и Apple да дозволат плаќања на трети страни за апликации во нивните App Store продавници.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com