14.8 C
Skopje
Wednesday, September 22, 2021

Google апликацијата тестира нов Voice Search кориснички интерфејс

Најчитани вести

Во текот на последните две години се чинеше дека Google е на пат да го замени Voice Search со Android Assistant.

Тоа изгледа нема да се случи, бидејќи во тек е тестирање на помодерен кориснички интрерфејс за Google Voice Search. Voice Search, кој му претходеше на Assistant и е синоним за „OK Google“ командата, овозможува гласвно да изговарате прашања и на нив директно да одговара Google Search. Достапни се и основните команди, вклучувајќи на пример „подесување на тајмер од 5 минути“ или „вклучување лампа“. Всушност, Google изгледа постапно го укинувал Voicd Search со замена на иконата за микрофон на виџетот за пребарување со Assistant во текот на минатата година.

Сепак, изгледа дека старата функција можеби ќе потрае уште некое време, додека Google го дотерува корисничкиот интерфејсот. Четворобојниот фидбек waveform останува во центар, а на таа положба се придружуваат и „Listening …“, прашање, транскрипција и „Search a song“копчето. Секако, најголема промена е анимацијата која покажува како можете да разговарате со телефонот. Истакнатоста на Voice Search во последно време се зголеми благодарение на воведувањето на „Hum to Search“. Сепак, Assistant е побогат со функции и ќе продолжи да се развива – на пример, пронаоѓањето на песна со пеење е исто така достапно во Assistant.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com