Наместо Кепа Аризабалага, на голот на Реал Мадрид за дуелот со Брага застана третиот голман Андреј Лунин, кој сигурно ќе го чува голот на „кралевите“ во следниот период. Тренерот Карло Анчелоти се соочи со нов проблем. Откако е јасно дека долго време нема да смета на повредениот Тибо Куртоа, кој можеби ќе отсуствува до крајот на сезоната, сега се повреди и Кепа Аризабалага.
Кепа ќе биде надвор од терените три недели. Тој се повреди на загревањето на својот тим пред мечот со Брага кој се одигра во среда.
Кепа летоска стигна на позајмица од Челси, откако Куртоа ги скина лигаментите на коленото. Тој беше изборот за голман по повредата на Белгиецот, но сега Лунин ќе ги брани „кралевите“ во следниот период.