Home » Големо невреме ја зафати Србија: течат реки по улиците, пороите носат се пред себе

Големо невреме ја зафати Србија: течат реки по улиците, пороите носат се пред себе

by Журнал.мк

Страшно невреме кое утрово го зафати Белград предизвика проблеми низ градот. Како што пренесуваат српските медиуми, по улиците течат реки.

Колку беше силно невремето најдобро сведочат видеата на репортерските екипи, но и видеата на граѓаните кои беа објавени на социјалните мрежи. Сцените беа апокалиптични, а пороите носеа се пред себе.

Многумина белграѓани не се сеќаваат на вакво невреме. За среќа, нема жртви од невремето.

Сообраќајот е блокиран во поголем дел од градот.

– Пожарникарите од синоќа до утрово имале 28 интервенции на територијата на Белград, соопшти денеска шефот на Управата за противпожарни и спасувачки единици, Милош Миленковиќ.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More