Home » Големите партии со нова сопка за независните пред локалните избори

Големите партии со нова сопка за независните пред локалните избори

by Журнал.мк

Во пет до 12големите партии им скрчкаа нов праг на независните тркачи на локланите избори . Според информациите на ТВ 24 се подготвува нова сопка за кандидатури преку градација од бројот на гласачи по општини.

За независни кандидатури да влезат во трката за најитересната и најголемата општина градот Скопје ќе мора да да соверат 4000 потписи. Колку за споредба за регистрација на политичка партија потребно е само 1000 потписи. Според извори на ТВ 24 од извори во двете најголеми партии, заедно со албанскиот блок планирааат да да има градација на потписите согласно бројот гласачи во одредени општини па така:

За општини со број на гласачи :

до 10 000 – 100 потписи

од 10 000 – 30 000 – 300 потписи

од 30 000 – 50 000 -500 потписи

од 50 000 – 90 000 -900 потписи

за град Скопје – 4 000 потписи

Официјално и од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ не сакаат да коментираат за детали. Од ВМРО -ДПМНЕ велат дека мора да се реши прашањерто отаккао уставниот суд ги укина спорните одредби.

Од СДСМ пак комплетен молк. Иако според информациите на ТВ 24 во неформалните разговори е вклучено и дел од раководството на Венко Филипче, тие без став за измените што се подготвуваат. Дека мора да има праг за ТВ 24 велат и од албанскиот кампус.

И додека помалите парти и независните кандидати се ви исчекување што ќе им смсилат поголемите партии предизборно, законот со кој коалицискиот пратнерка на Филипче Моника Зајкова бара една изборна единаци утре е на седница, но според информациите не се очекува да има мнозинство ниту за потребата од скратена постапка. Бидејќи Филипче остана воздржан и се оправда со консенсуз, а Мицкоски ја врза едната изборна единица со гласањето на дијасората.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk