Home » Големи се штетите по пожарот во Градскиот пазар во Охрид

Големи се штетите по пожарот во Градскиот пазар во Охрид

by Журнал.мк

Големи се штетите настанати од пожарот што во неделата рано изутрина избувна во угостителски објект на приземјето на зградата на Градскиот пазар во Охрид.

Во пожарот не само што целосно изгоре дуќанот во сопственост на државниот правобранител Агрон Речи, туку пламенот се прошири на врз неколку од апартманите сместени во горниот дел на објектот.

Веднаш откако пожарот беше изгаснат, почна расчистувањето на опожарените остатоци.

Поради несоодветни услови, пазарџиите и дел од тезгите од затворениот дел на објектот се преместени во пасажот, каде ќе останат додека се нормализира ситуацијата и повторно објектот стане функционален.

Според сегашната ситуација, ќе бидат потребни најмалку еден месец за да се врати функционирањето на пазарот во некаква нормала.

Пожарот избувна на 10 март, некаде по 3 часот по полноќ. Пламенот е локализиран по интервенцијата на Територијалната противпожарна единица, а причините за пожарот ќе ги утврди истрагата и извршениот увид на лице место.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More