Home » Големата награда на Монако останува во календарот на Ф1

Големата награда на Монако останува во календарот на Ф1

by Журнал.мк

Трката за Големата награда на Монако останува во календарот на Формула 1. Иако имаше најави дека можеби нема да се вози во иднина во Монте Карло, тоа засега нема да се менува. Се зборуваше дека трката во Монако е здодевна, опасна и против сегашните стандарди на спортот, меѓутоа традицијата и овојпат победи.

Директорите на трката во Монако се договорија со Формула 1 и потпишаа продолжување на договорот до 2031 година.

Оваа година навивачите во Монте Карло по долго време дочекаа свој „домашен“ возач да победи бидејќи најбрз беше Шарл Леклер. Во 2025 година ќе се одбележи јубилеј и 75 годишнина на оваа патека.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk