Евровизија 2025 воведува нов и, како што тврдат, понапнат метод на објавување на финалистите.
Во првата полуфинална вечер, финалистите повеќе нема да бидат објавени со едноставно читање на имињата на земјите, туку на екранот ќе бидат прикажани три земји истовремено, а водителите потоа ќе објават една од нив што ќе продолжи понатаму.
Во 2023 година беше направен обид за воведување на промената
Инаку преостанатите две земји нема да бидат елиминирани во тој момент, туку нивниот статус ќе биде откриен подоцна. На самиот крај, кога ќе биде објавен последниот десетти финалист, на екранот ќе бидат прикажани шесте преостанати земји. Пример за новиот начин на прогласување: Шведска, Хрватска и Португалија се прикажани на екранот, а по неколку моменти презентерите читаат дека Шведска оди во финалето. Статусот на Хрватска и Португалија останува непознат до крајот.
Потсетуваме, првата полуфинална вечер започнува во 21 часот, а од 15-те изведувачи, 10 ќе се пласираат во финалето, а гледачите ќе имаат можност да ги видат и настапите на претставници од Италија, Швајцарија и Шпанија, кои ќе се пласираат директно во големото финале.