Home » Голема евакуација во Чешка, состојбата е алармантна поради циклонот Борис

Голема евакуација во Чешка, состојбата е алармантна поради циклонот Борис

by Журнал.мк

Над 200 милиметри дожд наврна во последните 24 часа, пред се на мерните станици во чешките градови Јесеник и Бескидс.

– Од средата вечерта на падините на Јесеник наврнаа речиси 450 мм, на сртовите Крконоше околу 400 мм, на Бескидите скоро 300 мм, додека на планините Новохрад и Јизера имаме забележано над 250 мм врнежи, како и во Острава – изјавија утрово од чешкиот хидрометеоролошки завод, а потоа кажаа какви се прогнозите за денеска:

– Денеска ќе наврне во главно до 30 мм, околу 50 мм на планините Јесенице и Крконоше, додека околу 60 мм ќе наврне на планините Јизера. Кај Бескидите врнежите веќе се намалуваат, а денеска ќе наврне само до 5 мм.

Состојбата со поплавите не стивнува, а неколку чешки градови ќе бидат евакуирани.

– Започнува евакуацијата на Чески Тешин на Олша и се подготвува евакуација на Острава и Бохумин – изјави портпаролката.

Во моментов има капацитет од 60 милиони кубни метри вода во акумулациите на басенот Одра.

– Браните и натаму значително ги намалуваат големите количини вода и се безбедни – рече Волчкова. Од почетокот на поплавите, на Лиса Гора во Бескидите наврнале 270 милиметри дожд, односно 270 литри на метар квадратен. Истата ситуација беше и во Шлезиска Острава, додека уште повеќе врнежи беа забележани во Детмаровица кај Карвина – 280 милиметри.

– Во последните 12 часа во Јесенице паднале меѓу 50 и 130 милиметри, а кај Бескидите меѓу 40 и 150 милиметри. За денеска се предвидуваат уште 10 до 20 милиметри кај Бескидите, а до 50 милиметри во Јесенице – додаде портпаролката.

Хидролозите најверојатно ќе треба да го зголемат испуштањето вода од акумулацијата Римов во Чески Будејовице, што ќе го подигне нивото на реката Малша. Најпогодени ќе бидат селата Плав и Рудне кои се под Римово. Во моментов од браната се испуштаат 150 кубни метри вода во секунда, додека дотекот е на ниво од 220 кубни метри во секунда, пренесува Aktualne.cz.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk