Home » Голема брзина на еден од возачите е причината за тешката сообраќајка во која загинаа 3 лица, а 8 се повредени

Голема брзина на еден од возачите е причината за тешката сообраќајка во која загинаа 3 лица, а 8 се повредени

by Журнал.мк

Според првичните информации причина за вчерашната сообраќајна несреќа во која загинаа три лица, а осум се повредени е неприлагодената брзина на патот, изјави утринава министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој е во посета на СВР Охрид.

– Во синоќешната сообраќајка, за жал, животот го загубија три лица. Согласно првичните информации што ги добив станува збор за огромна неприлагодена брзина на еден од учесниците кој, за жал, е починат, изјави Тошковски.

Бројот на сообраќајни жртви во првото тримесечје од годинава, според министерот, е отприлика сличен како минатата година, но како што оценува, бројките се катастрофални компарирано со европските стандарди.

– Во иднина максимално мора да се фокусираме кон поголемо смирување на сообраќајот од секој аспект, како и на имплементирање на проектот „Безбеден град“ на цела територија на државата, рече Тошковски.

Минатата недела, како што соопшти, на ЕНЕР се ставени дел од потребните закони за имплменетација на проектот „Безбеден град“.

Сообраќајната несреќа се случи вчера меѓу Кичево и селото Трапчин дол, а според првичните информации што ги даде портпаролот на СВР Охрид за МИА, во несреќата учествувале три возила.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk