Home » Голем удар врз Хезболах, над 2.000 лицa се ранети, пејџери им експлодирале во рацете, повреден и амбасадорот на Иран

Голем удар врз Хезболах, над 2.000 лицa се ранети, пејџери им експлодирале во рацете, повреден и амбасадорот на Иран

by Журнал.мк

Во експлозијата на пејџери на неколку локации во Бејрут, повредени се повеќе од две илјади луѓе, меѓу кои и иранскиот амбасадор во Либан, Мојтаба Амани.

Најмалку осум лица загинаа, а 2.750 се повредени денеска во експлозии на пејџери кои се користат за комуникација низ Либан, изјави за „Ројтерс“ извор од безбедносните сили. Официјален претставник на Хезболах, кој сакаше да остане анонимен, рече дека детонациите на пејџер се „најголемото нарушување на безбедноста“ што Хезболах го доживеа во речиси едногодишната војна со Израел.

Локалните жители велат дека последната експлозија се случила 30 минути по првата, додека некои од нив се обидувале да откријат дали меѓу повредените има и членови на нивните семејства. Бранот на експлозии траел околу еден час по првите детонации. Засега не е јасно како се активирале уредите.

Експлозиите се случија во време на засилено насилство меѓу Израел и Хезболах, кои војуваат преку границата од избувнувањето на војната во Газа минатиот октомври, во најлошата ваква ескалација во последните години. Израелската војска не одговори на барањата на Ројтерс за коментар. Хезболах првично се воздржуваше да го обвини Израел дека стои зад нападот. Но, сега тие ја обвинија земјата дека е одговорна и рекоа дека ќе добијат „праведна казна“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk