Home » Голем пожар во велешко, побарана интервенција на хеликоптери

Голем пожар во велешко, побарана интервенција на хеликоптери

by Журнал.мк

Во моментов има активни два пожари на територијата на Општина Велес. Првиот е активен од 09.07.2024 од 16.30 часот помеѓу селата Отиштино и Оризари каде гори сува трева и трње на голема површина. Гаснат 4 пожарникари со 1 ПП возило.

Вториот пожар е активен од 10.07.2024 од 01.15 часот и е помеѓу селата Караслари и Црквино – над месноста викана Венуле. На овој пожар покрај сува трева гори и шума. На лице место гаснат 4 пожарникари со 1 ПП возило од ТППЕ Велес. Исто така за овој пожар се известени ЈП Македонски Шуми ШС Бабуна – Велес, но бидејќи вработените не биле осигурани, немале гориво за возилата, истите не биле исправни и регистрирани возила тие не излегуваат на терен да го гаснат пожарот.
Запознаена е Дирекцијата за заштита и спасување…

Побарана е и воздушна подршка од страна на градоначалникот на Општина Велес, за која во координација со Хеликоптерската единица во МВР поради извршување на оперативни задачи за потребите на МВР ќе се процесуира после 12.30 часот, веднаш кога ќе се ослободат хеликоптерите.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More