Home » Голем интерес кај еколошките здруженија да аплицираат со проекти за подобра животна средина

Голем интерес кај еколошките здруженија да аплицираат со проекти за подобра животна средина

by Журнал.мк

Денеска одржав важен состанок со претставници на 27 невладини организации кои работат во областа на заштитата на животната средина, на која го презентирав Конкурсот за распределба на средства од Програмата за инвестиции во животната средина за 2025 година, конкретна можност за финансирање проекти и иницијативи кои ја штитат и подобруваат нашата животна средина.

Нагласив дека целта на оваа Програма е да поттикне одржливи акции во насока на заштита на животната средина, директно придонесувајќи за подобрување на здравјето и благосостојбата на нашите граѓани.

Средствата за реализација на проектите се обезбедуваат од одржливи извори: еколошки такси за регистрација на возила, такси за кеси за пазарење, такси од оператори со интегрирани А еколошки дозволи, како и од други владини служби.

Средствата собрани од граѓаните се враќаат во нивна корист, во проекти кои имаат директно влијание врз квалитетот на животот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk