Home » Годинава на Криволак ќе се одржат 7 меѓународни воени вежби со повеќе од 5.000 учесници

Годинава на Криволак ќе се одржат 7 меѓународни воени вежби со повеќе од 5.000 учесници

by Журнал.мк

Годинава на полигонот Криволак предвидено е да се одржат седум меѓународни вежби, со учество на 5.200 припадници на сојузничките армии како и на Армијата на Северна Македонија.

Од Министерството за одбрана информираат дека најголема меѓу нив е вежбата SWIFT RESPONSE – 22, на која е најавено учество на околу 4 000 учесници од армиите на САД, ОК, Италија, Франција, Црна Гора, Албанија и од Северна Македонија.

Реконструкцијата на АП „Криволак“ почна во 2020. Се работи на зановување на постоечката и воспоставување на нова патна инфраструктура, а во овој период се градат, реконструираат и санираат објекти, санитарни јазли и пречистителни станици.

Во периодот што следува е предвидена набавка на нови 32 контејнери за сместување со што ќе се зголеми сместувачкиот капацитет на полигонот.

„Припадниците на Инженерискиот баталјон, во изминатиов период самостојно работеа на пробивање на нови патишта за изградба на обиколницата на полигонот Криволак, но и на реконструкција на постоечката инфраструктура и внатрешно поврзување со цел да се обезбеди комплетно патно поврзување на полигонот во вкупна должина од 75 километри. Со поддршка на 15. Инженериски баталјон на Армијата на САД, Инженерискиот баталјон на Армијата минатата година работеше на изградба на нови содржини, полигони со подвижни и неподвижни цели за оклопни возила, полетно – слетна патека за беспилотни летала, магацин за складирање на мети, се со цел овој наш ресурс да стане еден препознатлив НАТО ресурс за обука и тренинг“, велат од Министерството.

Министерката Радмила Шекеринска денеска заедно со претставници од Генералштабот и Армијата и претставници од Амбасадата на САД ќе бидат во посета на Армискиот полигон и ќе направат увид во реконструктивните активности.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk