Home » Годинава ќе има повторно зголемување на минималната како и на сите останата плати

Годинава ќе има повторно зголемување на минималната како и на сите останата плати

by Журнал.мк

Власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на зголемување на животниот стандард на граѓаните во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ само во првите шест месеци од преземањето на одговорноста да ја води македонската Влада, се постигнаа договори со синдикатите и се потпиша колективни договори за историски раст на платите на сите вработени во здравство и образование, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Паралелно на тоа, со септемвриската исплата следеше и историско линеарно покачување на сите пензионери од 2.500 денари кое, за исто толку, ќе продолжи и со исплатата на пензии за март месец. Годинава ќе има повторно зголемување на минималната како и на сите останата плати. Покачувањето на платите и зголемувањето на животниот стандард е приоритетна заложба на владата и тоа ќе се постигнува на одржлив начин преку економскиот раст. Со ова темпо на раст на економијата и реализација на капиталните инвестиции, како и странските инвестиции дополнително ќе расте животниот стандард на граѓаните кој, само по себе, ќе овозможи одржлив и долготраен раст на платите во сите сектори во државата“, велат од партијата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk