Home » Гоце Трајковски сам се пријави во полиција

Гоце Трајковски сам се пријави во полиција

by Журнал.мк

Гоце Трајковски, кој е предложен како сведок во случајот со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, а осомничен за друго тешко кривично дело – подметнување пожар денеска сам се пријавил во полициска станица.

– Лицето Гоце Трајковски само се пријавило во ПС Кисела Вода, потврдуваат за МИА од МВР.

Трајковски, кој заедно со таткото убиеното девојче Вања, Александар Ѓорчевски, според досегашните искази на другите сведоци, прибирал и гледале видео снимки од околните објекти, е предложен како сведок во постапката од Обвинителството.

Судијата на почетокот на последното рочиште на 20 декември годинава, информираше дека добил известување од МВР дека сведокот Гоце Трајковски не е достапен на органите на прогонот.

Обвинителката Жаклина Трајковска, рече дека Обвинителството не го повлекува предлогот за негово испитување, бидејќи, како што рече, постои можност да крајот на постапката да стане достапен и биде испитан за околности кои се значајни за постапката.

На брифинг со медиумите во Основното јавно обвинителство на 11 декември минатата година беше посочено дека Гоце Трајковски е осомничен за палење на објект во Кисела Вода во кој на горниот кат имало станари. Индикативно е дека настанот за кој е осомничен е неколку дена пред изјавата дека го боли глава за давање исказ пред Судот.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Ивица Стефановски. Следното рочиште е закажано за 27 јануари годинава.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk